Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“.
Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли.
Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, каде што починал од повредите.
Неименуван полициски извор за медиумите потврдил дека Ли бил избоден со нож. Истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.