Поранешната руска шпионка, Ана Чепмен (40) ги пофали своите сонародници за „бранот на патриотизам и верба“ во екот на конфликтот во Украина и им се заблагодари за поддршката на нивната земја. На крајот на својата објава на социијалните мрежи, таа ги покани сите да ја купат нејзината нова линија на облека.
Никогаш не сум видела таков бран на патриотизам и верба во нашата земја и меѓу рускиот народ… Ви благодариме за ова.
На овој бран патриотизам, би сакал да ви го претставам мојот бренд за облека што го создадов од љубов кон мојата земја. Ние произведуваме во Русија и сите наши ткаенини ја претставуваат руската култура – вели „пензионираната“ шпионка.
Ана сега е модел, а во 2010 година беше протерана од САД под обвинение дека е вмешана во тајни разузнавачки операции. Откако ја призна вината за шпионажа, во следните години таа успеа да изгради кариера како влијателен моден дизајнер во Москва.
Ана дипломирала економија и го почнала својот прв бизнис во Лондон на 21-годишна возраст. Откако ја заврши шпионската работа, во 2010 година почна сопствено ТВ шоу и се обиде во улогата на водител. Иако беше во јавноста 10 години, таа никогаш не даде интервју за тоа што се случи во Њујорк во летото 2010 година. На Запад, таа го доби прекарот „Агент 90-60-90“, алудирајќи на нејзината идеална фигура.
Иако другите советски шпиони се криеаја по враќањето во Москва, тоа не беше случај со Чепмен. Таа стана модел за долна облека, портпарол на компанијата и телевизиска личност. Таа, исто така, стана младински активист пријателски настроен кон Кремљ и отворено го поддржуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев на тогашните руски шпиони им ги додели највисоките руски награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.