Иранската полиција соопшти дека уапсила висок оперативец на Исламската држава заедно со уште двајца членови на терористичката група, кои се обвинети дека планирале самоубиствен напад за време на прославата на Бајрам следната недела.
Полицијата соопшти дека Мохамед Закер, познат како „Рамеш“, и уште двајца се уапсени во Карај, западно од главниот град Техеран, во две одделни полициски операции по судирите со нив, пренесува агенцијата Тасним.
Приведени се уште осум лица, за кои постои сомнеж дека биле нивни соучесници.
Исламска држава ја презеде одговорноста за двете експлозии во Иран во јануари, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, а беа ранети уште десетици кои присуствуваа на комеморацијата на поранешниот ирански командант Касем Сулејмани кој беше убиен во Ирак во 2020 година во американски воздушен напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.