Италијанската полиција уапси 56 лица осомничени дека се дел од мафијашката организација Ндрангета, а се товарат за бројни кривични дела, па покрај насилството има и корупција, изнуда, измама, киднапирање…
Во акцијата учествувала и специјалната полициска единица на градот Катанзаро, а окружниот судија од тој град ги донел казнените мерки, пренесе АНСА.
Акцијата беше спроведена во Калабрија, пред се во Вибо Валентиа, Катанзаро и Реџо Калабрија, но и низ целата земја – во Парма, Милано, Палермо, Беневенто, Авелино…
Според директорот на државната полиција за борба против криминалот, Франческо Месина, „голема полициска операција овозможи да се разбие моќна криминална група која може да и се припише на мафијашката организација Ндрангета“.
Ндрангета е криминална организација која ја држи Калабрија и се смета за една од трите најсилни мафии во Италија, заедно со Камора (Неапол) и Коза Ностра (Сицилија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.