Водечкиот инженер и конструктор во украинската компанија за производство на авиони „Антонов“ е приведен поради поддршка на воената операција во Русија, соопшти обвинителството на регионот Киев.

Обвинителството наведува дека тој е приведен поради „ширење содржини на Интернет што ја оправдуваат вооружената агресија на Русија и ги величаат вооружените сили на земјата агресор“, пренесува ТАС С.

Во извештајот се додава дека осомничениот се соочува со казна затвор од пет години со можна конфискација на имот.

Во соопштението на обвинителството се наведува и дека е извршен претрес во куќата на уапсениот, како и дека тој користел компјутери и мобилни телефони во „незаконски активности“, а одземени му се видеа и фотографии со „антиукраинска содржина“.

Како што се наведува, името на мажот не е соопштено, но се знае дека е жител на Ирпин, место во регионот на Киев.

Јавното претпријатие „Укроборонпром“, чија филијала е „Антонов“, го потврдил притворот на својат вработен.

Контраразузнавачката единица на СБУ и обезбедувањето на „Укроборонпром“ разоткриле вработен во нивната компанија кој бил ангажиран во проруска пропаганда – соопшти прес-службата на „Антонов“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.