Поранешниот војник Даниел Абед Калиф (21) кој избега од британски затвор додека го чекаше судењето за дела поврзани со тероризам е уапсен, објавија британските медиуми. Тој е пронајден во западен Лондон и моментално е на распит во полиција.

Во средата полицијата веднаш упатила итен апел да се трага по него откако утрото избегал од затвор.Се претпоставува дека побегнал од затворот под камионот со храна, пренесува Скај њуз.

Според медиумите, тој наводно работел во кујната и носел готвачка униформа, а се претпоставува дека се држел за ремените на камионот за да избега.

Калиф бил отпуштен од британската армија по неговото апсење на почетокот на оваа година и треба да му се суди во ноември.

Тој беше обвинет за обид за шпионирање за непријателска држава, за која се верува дека е Иран, за собирање информации кои би можеле да бидат корисни за лице кое извршило или подготвува терористички чин, како и за планирање лажна бомба.

Даниел Калиф ги отфрли сите обвинувања.

Лондонската полиција за борба против тероризмот претходно соопшти дека Калиф е обучен војник и е „многу снаодлив“, како и дека има професионални вештини, па затоа вешто се крие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.