Тим од 110 луѓе ги почна активностите за дизајнирање на турски „национален носач на авиони“ поголем од „ТЦГ Анадолу“.

Планирано е националниот носач на авиони, чија вкупна должина ќе биде 285 метри, ширина – 72 метри и депласман од 60.000 тони, ќе може да достигне брзина до 25 јазли и да има опсег на крстарење без полнење гориво од 10.000 наутички милји.

За изградбата на националниот носач на авиони, кој целосно ќе биде проектиран и изграден во Турција, не е предвидена техничка поддршка од странски компании.

Националниот носач на авиони ќе има 3 писти (2 писти за полетување и 1 писта за слетување).

Носачот на авиони ќе може да носи вкупно 50 авиони, од кои 20 ќе бидат на палубата за летање, а 30 во хангарот, апостои можност оваа бројка дополнително да се зголеми).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.