Турската полција објави снимка од апсењето на жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, објавија турските власти. На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.

Претходно турските медиуми објавија ново видео од жената како трча низ толпата неколку минути пред смртоносната експлозија во која загинаа 6, а повеќе од 80 се повредени.

Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.

Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.

Лицето кое ја поставило бомбата е уапсено. Врз основа на нашите заклучоци, терористичката организација ПКК е одговорна за експлозијата на бомбата, рече Сојлу, според турски медиуми, без, сепак, да прецизира дали станува збор за маж или жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.