Туристка случајно купила коктел од 1.890 фунти во хотел во Лондон, а бесниот сопруг ја напуштил. Ова е неверојатната новогодишна приказна на жена од Белфаст, која не ја видела цената и го испила најскапиот шампањ со злато и виски, за што нејзиниот сопругот веднаш ја оставил.
Жената била шокирана кога и наплатиле речиси 2.000 фунти, иако нарачала само еден коктел.
Линзи Бенет од Белфаст, уживала на одмор во хотел со пет ѕвезди во Лондон и решила да оди во барот на пијачка со својот сопруг.
Нарачав коктел наречен 1890 и мислев дека е 18,90 фунти“, раскажува Линзи за британските медиуми.
Шанкерот отворил шише Кристал, во него имало златни ливчиња, а исто така и виски старо 30 години.
И, тогаш добив сметка од 2.000 фунти и си помислив: „О, не можам да си го дозволам ова“. Му ја покажав сметката на маж ми, тој ми се налути и ме остави сама да ја средам. На менито пишуваше 18 простор 90, па претпоставив дека е 18,90 фунти. Почнав да паничам, шанкерот почна да паничи и го повика менаџерот, раскажува Бенет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.