Цивилната одбрана на Газа вечерва соопшти дека најмалку 12 лица загинале во напад на израелски дрон врз група која чекала хуманитарна помош на северот на палестинската територија.
Портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал изјави дека уште неколку луѓе се ранети во напад со дрон, чија цел била возило и група граѓани северно од бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа.
Мртвите и ранетите се пренесени во болницата Ал-Шифа.
Портпаролот рече дека уште најмалку шест лица се убиени денеска во нападите врз тој град.
Израелската војска не одговори веднаш на барањето на агенциите за коментар за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.