Цената на нафтата „брент“ падна под 73 долари за барел за прв пат од декември минатата година, што многу веројатно може да предизвика пад на цената на горивата.

На лондонската берза цената на ноемвриските фјучерси на Брент падна на 72,96 долари за барел. Во текот на денот цената се движеше и порасна на 73,32 долари за барел.

Експертите сметаат дека сегашниот пад на цената на нафтата може да се толкува како последица на најавите дека Либија би можела да ги реши проблемите што неодамна доведоа до прекин на снабдувањето на пазарот на нафта од таа земја, како и најавата на ОПЕК дека групацијата е подготвена да го зголеми производството на „црното злато“ во наредните недели.

Исто така, на намалувањето на цената на нафтата влијаеа и нешто послабите економски активности во Соединетите Американски Држави и Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.