Националниот центар за урагани на САД соопшти дека тропската бура Џулија прераснала во ураган. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час.

Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради приближувањето на „Џулија“. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор.

Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.