Французинот Реми Лусиди, познат по искачувањето облакодери низ светот, загина откако паднал од 68. кат на зграда во Хонгконг. Триесетгодишниот Лусиди бил на кулата „Трегунтер“ во Хонгконг кога паднал, откако наводно заглавил пред еден пентхаус.

Според истражителите, Лусиди дошол до зградата во вечерните часови и му рекол на обезбедувањето дека е во посета на пријател на 40. кат. Се верува дека тој се искачил до последниот кат, кога останал заглавен надвор, при што панично почнал да удира на прозорец. Последната која го видела жив била собарка која била внатре.

Таа повикала полиција, но Лусиди во меѓувреме паднал и починал на самото место. Останува непознато од кои причини паднал.

Според неговите профили на социјалните мрежи, Лусиди имал искачено високи згради во разни делови од светот, како Бугарија, Португалија, Франција, Украина и Дубаи. Тој почнал со овие екстремни авантури во 2016. На 16 јули објавил селфи додека стои на скалите на врвот на зграда во Габрово, Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.