Тројца рудари загинале во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија.
Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали.
Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на тројцата колеги кои утринава ги загубија животите додека ја вршеа својата работа“, соопштија од регионалниот синдикат на УСОК.
Со рудникот управува компанијата „Иберпоташ“, што е подружница на компанијата-мајка од Тел Авив „ICL Group Ltd“, и таа соопшти дека имало „несреќна подземна несреќа“, пред да соопшти за смртта на тројцата рудари.
Рудникот се наоѓа на околу 80 километри северно од Барселона, во Каталонија.
Сакам да им ја дадам сета поддршка на семејствата на рударите, како и на сите нивни колеги во рудникот во Сурија, изјави во локалниот Парламент, Пере Арагонес, претседател на покраината Каталонија.
Истата компанија „Иберпоташ“ и во декември 2013 година соопшти дека двајца нивни рудари загинаа во колапс во рудникот во Сурија.
Поташот се користи како ѓубриво во земјоделството и како суровина во фармацевтската индустрија, во производството на експлозиви, стакло и хемикалии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.