Министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександр Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ поднеле оставки.
Врховната рада на Украина ги доби изјавите за оставките на Камишин, Маљусик, Стрилц и Коваљ, соопшти претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук, пренесува Укринформ.
Стефанчук информира дека за нивните оставки ќе се расправа на некоја од следните пленарни седници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.