Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, објави дека градот бил нападнат по извештаите за експлозии.
Гувернерот Максим Козитски изјави дека во градот се слушнале три силни експлозии. На истокот од областа може да се забележи густ облак од чад.Градоначалникот Садовји предупреди дека може да следат нови удари.
Лавов е град на самиот запад на Украина, на околу 70 километри од границата со Полска. Досега тој беше релативно безбеден од руските напади. Токму во овој град побегнаа многу Украинци за да се спасат од војната, која во голема мера се одвива на истокот на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.