Три лица загинаа во експлозија во стан во Париз по што избувнал пожар, пренесува порталот „Паризен“.

Експлозијата се случила во неделата вечерта во стан на седми кат од осумкатница.

Причината за експлозијата засега не е позната, а соседите биле збунети од експлозијата бидејќи, како што велат, никој не се снабдува со гас во зградата.

И покрај тврдењата на соседите, властите сепак не ја исклучија можноста дека експлозијата била предизвикана од гас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.