Најнова анкета на „Њујорк тајмс“ и Сиена колеџ укажува дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп има предност во Аризона и останува во водство во Џорџија и Северна Каролина. Во две од овие држави во 2020 година тој загуби од неговиот соперник, претседателот Џо Бајден.

Кандидатката на демократите, потпретседателката Камала Харис, заостанува, но разликата е тесна и во Северна Каролина, држава каде демократ нема победено од 2008 година.

Анкетата за овие три држави е спроведена од 17 до 21 септември, а резултатите укажуваат дека оваа претседателска трка се обликува да стане една од најтесните во историјата на изборите во САД, соопшти „Њујорк тајмс“.

-Овие најнови резултати на Тајмс/Сиена се некои од најдобрите резултати за Доналд Трамп во овие држави во изминативе недели, наведува весникот.

Аризона, Џорџија и Северна Каролина се на списокот од седум клучни држави каде што изминатиот период се фокусира вниманието на кампањите на Трамп и Харис. Харис покажала релативна сила во неколку клучни држави низ Средниот Запад, а најкритично за нејзините надежи да стане претседател е Пенсилванија.

Но, Аризона, која Бајден ја освои со малку повеќе од 10.400 гласови во 2020 година, сега претставува предизвик за кампањата на Харис. Анкетата покажа дека Трамп во Аризона води со 50 проценти наспроти 45 проценти на Харис. Во август резултатот бил обратен и Харис водела со пет отсто.

-Се чини дека гласачите од јужноамерикаснката заедница се оддалечиле од Харис, иако значителен број – 10 проценти – изјавиле дека сега се неопределени. Трамп има корист од разделување на гласовите: додека Харис заостанува, анкетата покажува дека демократскиот кандидат за Сенатот е во водство, соопшти „Њујорк тамс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.