Не мислев дека ова е можно во Америка, рече поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно во судот во Њујорк.

Единствениот прекршок што го направив е бестрашно да ја бранам нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат – рече Трамп, нарекувајќи го обвинението „навреда за нацијата“, во обраќањето до стотиците поддржувачи од неговата резиденција во Мар -а-Лаго, Флорида.

Тој додаде дека САД одат по ѓаволите и дека дури и оние кои не се негови обожаватели велат дека такво нешто не треба да се случи.

Трамп продолжи да тврди дека сето тоа се случува заради изборите и дека окружниот обвинител во Атланта, за кој рече дека е расист, прави се што може за да го обвини.

Овој лажен случај е покренат само за да се меша во претстојните избори во 2024 година. Треба веднаш да се отфрли – рече тој.

На крајот Трамп додаде дека во неговиот случај тоа е прогон, но дека може да ја држи главата горе.

Поранешниот американски претседател и се обрати на јавноста од истата сала во одморалиштето Мар-а-Лаго каде што ја објави својата трета кандидатура за Белата куќа на 15 ноември.

Трамп е обвинет дека ја платил порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс рече дека ѝ платил 130 000 долари за тоа. Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.