Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за шеф на државата Доналд Трамп изјави дека на САД не им треба воен конфликт со Русија и оти секој глас за неговата противкандидатка Камала Харис е глас за војна со Москва.

Трамп на предизборен митинг во Лас Вегас и на социјалната мрежа Truth Social предупреди и дека „гласањето за Харис е поддршка за враќање на воениот рок во САД“.

– Со гласањето за Камала Харис, вие гласате за војна со Русија. Дали некој сака војна со Русија? Доколку е потребно, ќе го направиме тоа. Но, препорачливо е да се спречи тоа. Гласот за мене е глас за просперитет и мир, наведе Трамп.

Повторно најави дека ќе работи на ставање крај на војната во Украина доколку биде избран за претседател.

Трамп досега повеќепати изјави дека конфликтот во Украина немало да се случи доколку тој бил реизбран за претседател на САД во 2020 година, а доколку се врати во Белата куќа ќе издејствува мир за 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.