Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп соопшти дека го назначил својот лојален соработник, поранешниот генерал Кит Келог, за пратеник за Украина и Русија.
Тој беше со мене од самиот почеток! Заедно ќе постигнеме мир преку сила и ќе ги направиме Америка и светот повторно безбедни, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа „Трут“ (вистина).
Трамп многу ја критикуваше помошта од повеќе милијарди долари на САД за Украина и вети дека ќе ја реши војната меѓу Киев и Москва уште пред да положи заклетва за нов мандат во јануари, но никогаш не објасни како планира да го направи тоа.
Келог накратко го предводеше Националниот совет за безбедност во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп. Тој долго време беше главен воен советник на Трамп и служеше како советник за национална безбедност на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.
Војната во Украина во февруари влегува во трета година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.