Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија.
Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит.
Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат.
Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.