Поранешниот американски претсеател Доналд Трамп денеска повика да бидат отфрлени сите судски процеси против него, откако судија на Флорида го отфрли случајот против него за наводно лошо постапување со строго тајни документи.
Ова отфрлање … во Флорида треба да биде само првиот чекор, проследено со брзо отрлање на СИТЕ ловења на вештерки, наведе Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит.
Таа одлука доаѓа откако Врховниот суд објави дека претседателот има имунитет за службени дела, пренесува „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.