Пет лица загинаа во несреќа вчера кога монтажен лифт на градилиште во Шведска падна од височина од 20 метри во Сандбиберг, предградие на Стокхолм.

Deadly construction site elevator accident on outskirts of Stockholm

Работите на градилиштето се прекинати, а причината за несреќата се уште не е позната.

Вишиот надлежен обвинител Гунар Јонасон потврди дека во тек е прелиминарна истрага во која учествува и Националната комисија за сообраќајни несреќи поради сомнение за „нарушување на работната средина што предизвикало смрт на друго лице“.

– Ова е сериозен инцидент што сега го истражуваме – рече тој и додаде дека надлежните го утврдуваат идентитетот на починатите и контактираат со нивните семејства.

Портпаролот на компанијата што го произведува лифтот за таблоидот Афтонбладет вчера изјави дека овој тип на лифт се користи ширум светот повеќе од 20 години и дека никогаш немало сличен инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.