Девојка (20) од Верона се удавила во езерото Гарда во северна Италија додека се обидувала да го спаси својот 14-годишен брат од давење, јавуваат италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во градот Корно. Дваесетгодишната Ана Лоренци, нејзиниот брат и 17-годишната сестра биле однесени од струите триесетина метри од брегот од каде што ги набљудувал нивниот татко, пренесе Анса.
Братот на Ана во еден моментсе изморил од пливањето и почнал тешко да дише, па таа се обидела да му помогне и се удавила бидејќи силна струја ја повлекла на дното.
На помош им дошле двајца млади момчиња кои скокнале во езерото, но за жал не успеале да ја спасат Ана, додека момчето било извлечено на брегот и било пренесено во болница. Подоцна и телото на Ана беше пронајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.