Страшна несреќа се случила на француските Алпи кога 40-годишен маж додека скијал налетал на петгодишното девојче Офелија од Британија и го убил на лице место!
Според британските медиуми, несреќното дете било на патеката за скијање кога на неа налетал маж со голема брзина.
Девојчето, како што е соопштено, немало шанси да преживее поради екстремно тешките повреди, а на пат кон болница починало.
Трагедијата се случила во луксузното одморалиште Флен, кое се наоѓа на околу 80 километри од швајцарскиот град Женева. Малата Офелија живеела со семејството во тој град.
Непосредно пред да го изгуби својот живот, таа скијала со уште четири деца кои стоеле недалеку од инструкторот на самиот раб на патеката.
Се работи за човек кој очигледно бил добар скијач, волонтирал како пожарникар, но очигледно се движел со голема брзина – рекол обвинителот од блискиот Боневил и открил дека против човекот ќе биде спроведена постапка за убиство, пред се поради загрозување на безбедноста.
Обвинетиот 40-годишен маж ќе добие казна од најмалку пет години затвор, како и парична казна од околу 65.000 евра.
Медиумите јавуваат дека семејството на малата Офелија е во исклучително тешка ситуација и дека моментално работат на изнаоѓање психолошка поддршка за нив, пред да пристигнат назад во Женева.
Инаку, максималната дозволена брзина на делот каде што загина детето е 48 километри на час, но човекот се движел многу побрзо од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.