Во Вител на истокот на Франција се одржа традиционалниот саем на кој посетителите имаат можност да пробаат разни рецепти на јадења направени од батаци од жаба. Овој саем предизвика општа вознемиреност на здруженијата за заштита на животните кои го осудуваат нападот врз биолошката разновидност и предупредуваат за страдањето на животните.

Жаби за овој фестивал се увезени од Индонезија и Турција, а невладините предупредуваат на се помалиот број на овие водоземци

За тој саем беа фатени и до 350.000 жаби, особено во Индонезија и Турција, каде популацијата на жаби веќе е во алармантен пад“, изјави неименуван претставник на француската невладина организација „Робин Худ“.

Германската организација „Про Вајдлајф“ го осуди начинот на убивање на жабите, наведувајќи дека тие се уште се живи кога им се вадат батаците.

Во Европската Унија не треба да се дозволи ваков грабеж на биодиверзитетот заедно со такви сурови методи на убивање. Таквиот увоз треба да се запре“, се вели во заедничката изјава на двете здруженија.

Од друга страна, претставник на француското братство на дегустација на жабји батаци застана во одбрана на саемот, сметајќи го за „уникатен настан“ во земјата, кој привлекува неколку илјади посетители.

Саемот постои речиси 50 години, а не е првпат да јадеме жаби кои не се од Франција, поради фактот што кај нас има многу малку фарми и немаат големо производство“, вели Даниел Жил.

Реагирајќи на методот на убивање жаби и злоупотреба на животни, тој рече дека некој сака да јаде зајак, пилешко или патка, и тие животни мора да поминат „низ ножот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.