Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија – Вилнус, се урна врз двокатна куќа.

Несреќата се случила на околу 4 километри од аеродромот во Вилнус. Спасувачките екипи реагирале на местото на настанот. Од урнатините на авионот извлекле еден од двајцата пилоти, кој бил жив и свесен, но по неколку минути починал од повредите здобиени во несреќата.

Во авионот на компанијата Свифтер имало вкупно двајца пилоти и двајца вработени во „DHL“. Се трага по едно лице кое патувало во авионот.

Нема загинати од лицата кои биле во куќата врз која се урна авионот. Куќата се запалила кога машината удрила во неа. Од таму се евакуирани 12 лица.

Инцидентот бил пријавен во спасувачките екипи во 5.28 часот. локално време. Авионот се приближувал до аеродромот во Вилнус за да слета таму кога се случила несреќата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.