Најмалку 14 луѓе се спасени поради рекордно количество врнежи кои поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја.
„Environment Canada“ (Environment Canada) вчера објави дека во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година, пишува Би-Би-Си. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“, на островите Торонто поради невремето.
Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден.
Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.
За три часа имавме 25 отсто повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури“, изјави метеорологот Дејв Филипс.
Управата за заштита на Торонто и регионот предупреди дека областите во близина на брегот, реките и потоците во градот се особено подложни на поплави.
Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, рече дека градот инвестира во напорите за чистење за да се осигура дека поплавите како оние во 2013 година нема да се повторат во иднина. Таа година, најмалку 300.000 луѓе останаа без струја во Торонто, а повеќе од 1.000 луѓе беа спасени од поплавен воз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.