Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа, кога избувна пожар за време на рускиот напад врз нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.
Таа побара гаранција од Москва дека таков напад нема да се повтори.
Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, Томас-Гринфилд истакна дека нападот укажува на „опасна нова ескалација“ на руската агресија против Украина и предупреди дека „непосредна опасност“ сè уште постои, наведувајќи дека руските војници се оддалечени 32 километри од вториот по големина нуклеарен објект во Украина.
Воените операции околу нуклеарните локации се неприфатливи и неодговорни, истакна заменик-генералниот секретар на ОН за политички и мировни прашања Розмари ДиКарло на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Нападите врз нуклеарни постројки се спротивни на меѓународното хуманитарно право. Треба да се направат сите напори за да се избегне катастрофален нуклеарен инцидент, порача ДиКарло на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, откако руските сили во Украина ја нападнаа и зазедоа нуклеарната централа во Запорожје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.