Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков прв реагираше на најавата дека британскиот премиер Борис Џонсон се согласил да се повлече од лидер на Конзервативната партија, а подоцна да поднесе оставка и од премиерската функција.

Тоа нас не нè засега многу. Тој не нè сака, ниту нние го сакаме него – истакна Песков.

Се очекува актуелната шефица на британската дипломатија Лиз Трас, која денеска го откажа патувањето во Индонезија на Самитот на Г-20, да биде кандидатка за лидер на Конзервативците и следствено, нова британска премиерка.

Според британските медиуми, се очекува Џонсон во текот на денот да поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија, а на премиерската функција ќе остане до есен. Конзервативната партија во текот на летото ќе треба да избере нов лидер, кој ќе биде именуван за премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.