Израелските трупи отпочнаа лов на командантот на Хамас, кој го нарекуваат палестински Осама Бин Ладен. Ветуваат дека ќе го пронајдат каде и да се крие и тврдат дека деновите му се избројани, пишува Дејли Мејл.
Јахја Синвар (60) во моментов е шеф на Хамас во Појасот Газа.
Израел неколку пати го апсел, а во израелските затвори поминал 24 години. Пуштен е во 2011 година во рамки на размена на затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит.
Синвар, според тврдењата на Израелците, одговорен е за убиството на 1300 Израелци во нападот на 7 октомври.
Јахја Синвар е лицето на злото. Тој е главниот ум зад ова, токму како што беше Бин Ладен. Својата кариера ја изгради убивајќи Палестинци кога сфати дека се колаборационисти. Затоа стана познат како Касапин Кан Јунис – рекол портпаролот на Израелските одбрамбени сили, Ричард Хехт.
Хехт рекол дека израелските трупи нема да се смират додека Синвар не биде пронајден и убиен.
Ќе дојдеме до тој човек и целиот негов тим -рекол Хехт.
Главниот портпарол на ИДФ, контраадмиралот Хагари, рекол дека е покрената потрага по Синвари, каква што не е видена во историјата на Израел.
Тој е мртов човек – рекол Хагари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.