Четири тинејџерки и уште една млада жена биле застрелани во близина на средно училиште во Милвоки, Висконсин во САД.

Полициската станица во Милвоки соопшти дека инцидентот се случил на околу еден блок од средното училиште Руфус Кинг. Полицијата најпрвин ги пронашла трите девојчиња на возраст од 15, 16 и 17 години, кои веднаш биле пренесени во болница и се очекува да ги преживеат здобиените повреди, пишува „Ен-би-си њуз“.

Полицајците подоцна забележале уште двајца ранети, 15-годишна и 20-годишна девојка. Двете се здобиле со повеќе прострелни рани. И тие се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека трага по осомничениот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.