Петнаесетгодишно девојче почина откако нејзиниот хиџаб се заглави во картинг возило во забавен парк и ја задуши. Руваида Адан се задушила само неколку минути откако отишла на картинг со пријателите во Лондон.

Инцидентот се случил во август минатата година, а сега е во тек судењето за надлежните од забавниот парк.

Задниот дел од нејзиниот хиџаб се одмотал од под кацигата и висел зад неа за време на трката, по што се зафатил под тркалата. Веднаш била пренесена во болница, но повредите биле пресериозни, па починала четири дена подоцна.

Oбвинителот вели дека Руваида требало да биде предупредена дека мора да ја шамијата од главата, бидејќи организаторите имаат строги правила секоја широка облека да се отстрани пред да започне трката. Овојпат тие не го сториле тоа, пишува „Дејли мејл“.

Поротата засега констатирала дека организаторите не направиле ништо за да ја заштитат или да ја спречат да вози доколку не сака да го соблече хиџабот. Во исто време биле констатирани технички проблеми кај автомобилот кој немал соодветна заштита на тркалата.

Судењето продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.