Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко денеска на нејзиниот инстаграм профил објави фотографија со автоматско оружје во рацете.

На фотографијата Тимошенко позира со пет вооружени мажи а напишаната порака гласи дека Украина ќе пружи отпор.

Своевремено Тимошенко се сметаше за јунакиња на портокаловата револуција и важеше за еден од највлијателсните политичари во Украина

Судот во Киев ја осуди Тимошенко на седум години затвор поради злоупотреба на службена должност, па во 2014-та година после соборувањето на Виктор Јануковиќ од власт, украинскиот парламент ја одобри измената во кривичниот кодекс, со што и беше овозможено ослободувањето по поминати повеќе од две години во затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.