Индиската полиција усмрти тигар што убил најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници.

Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинале мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ вели дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот.

Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите – изјави Гупта.

Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.