Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е поентата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.
Albanian Prime Minister Edi Rama slammed world leaders for not listening to each other's speeches, adding that ‘good words’ spoken during the COP29 climate summit will not change anything https://t.co/o66xVOO1fo pic.twitter.com/X0iimOjlYn
— Reuters (@Reuters) November 13, 2024
Таму луѓето јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува во светот секој ден. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо – рекол Рама, пренесува Гардијан.
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемени од последниот самит на COP.
Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистински промени – праша Рама.
Говорот на Рама го пренесоа водечките светски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.