Компанијата „Тесла“ ќе повлече од пазарот повеќе од два милиона возила за да го поправи неисправниот систем кој ги предупредува возачите кога користат режим на автопилот.
Оваа информација ја објави американската Национална управа за безбедност во сообраќајот, која додаде дека „Тесла“ ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем.
По двегодишна истрага, американскиот регулатор откри дека системот на „Тесла“ за предупредување на возачите да внимаваат кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото е несоодветен и може да се злоупотреби.
Повлекувањето ги вклучува речиси сите возила што ги продава „Тесла“ во САД откако ја активираше функцијата автопилот кон крајот на 2015 година и се однесува на сите модели од овој производител.
Со години, застапниците за безбедност во сообраќајот бараат построго регулирање на системот за следење на возачите во автомобилите, кој главно проверува дали рацете на возачот се на воланот.
Возилото во режим на автопилот може автоматски да управува, да забрзува и да сопира во својата лента, но системот е дизајниран да му помага на возачот и не може самостојно да управува со возилото и покрај неговото име.
Независните тестови открија дека системот за надзор лесно може да измами.
Возачи на „Тесла“ на автопилот се фатени како возат пијани или седат на задното седиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.