Компанијата „Тесла“ соопшти дека има намера да почне со масовно производство на човековидни роботи до 2026 година. Тоа го најави извршниот директор Илон Маск во објава на „Х“.

‘Тесла’ ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе почнеме масовно производство за други компании до 2026 година, напиша Маск.

Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен „Оптимус“ – „за многу скоро“ ќе биде подготвен за работа во фабриките на „Тесла“, но тоа досега не се оствари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.