Тешките борби на Антоновскиот мост во Херсон се новото жариште на судирите во Украина. Во овој рен, украинските јуришни групи се обидуваат да создаде упориште на левата страна на реката Дњепар, која е под руска контрола.

Припадници на вооружените сили на Украина, кои држат мала територија во близина на мостот, со брзи десантни чамци се обидуваат да го зголемат бројот на војници, кој, според информациите од терен, бројат до 70 луѓе. Тие се наоѓаат под гранатирање од руските артилериски и минофрлачки батерии, кои обезбедуваат силна огнена поддршка.

Руските офанзивни групи на Воздухопловните сили, поддржани од артилерија, ја продолжуваат тешката операција за истуркување на непријателот за вооружените сили на Украина да не можат да изградат мостобран и да ја зголемат површината под своја контрола.

Кон мостот делуваат и руски лесни оклопни возила, но имаат и загуби, поради жестината на борбите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.