Вооружена група со автоматски пушки отвори оган во црква и синагога во јужниот руски регион Дагестан а најмалку пет полициски службеници се убиени во нападот анапаѓачите побегнале со бел автомобил.
Денеска имаше напад на црква и синагога во градот Дербент, во Република Дагестан, соопшти шефицата на прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, Гајана Гариева, додека напад имало и во Махачкала, како што пренесува „Риа Новости“, каде непознати лица пукале кон сообраќајната полиција, во нападот неколкумина се ранети.
Напаѓачите по нападот ја запалиле синагогата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.