Во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, пронајдени се тела на петмина мажи со врзани раце, соопшти канцеларијата на укринската државна обвинителка Ирина Венедиктова.
„Невооружените цивили чии тела беа пронајдени од украинските редарски сили, биле претепани, а потоа убиени од вооружените сили на Руската Федерација“ – објави истиот извор на Телеграм.
Заедно со соопштението се објавени и фотографии од телата.
Од канцеларијата на обвинителката соопштија и дека е покрената истрага за утврдување на околностите за нивната смрт.
Западните земји вчера побараа истрага за „воените злосторства“ кои им се припишуваат на руските воници во околината на Киев. Москва сето тоа одлучно ги негира, а Украинаго нарече „геноцид“.
Десетици трупови во цивилна облека се пронајдени на почетокот од минатиот викенд во Була, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во заеднички масовни гробници, по повлекувањето на руските војницу. Откриени се уште стотина мртви во масовните гробници во подрачјето на Киев.
Руската војска последните денови го попушта обрачот околу Киев и на северниот дел, за да ја насочи својата воена офанзијава на истокот на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.