Осумгодишното девојче Емили Ханд беше заробено од Хамас кога упаднаа во Кибуцот Бери во Израел на почетокот на октомври, а иако мислеа дека е мртва, девојчето е живо, а родителите се огласија на нејзиниот роденден.

Денеска е деветтиот роденден на Емил, а нејзиниот избезумен татко Томас Хенд го одбележа нејзиниот роденден во Израел.

Томас Хенд се бореше со солзите воочи деветтиот роденден на неговата ќерка Емили и признава дека сè уште не може да замисли низ што минува таа, но инсистираше на тоа дека „не може да дозволи неговите чувства да го попречат да ја врати назад“.

Таткото зборуваше за својата болка додека неговата ќерка наполни девет години во заробеништво на Хамас, откако беше киднапирана од Израел на почетокот на октомври.

Емили Хенд била однесена од нејзиниот кревет во Кибуцот Беери додека била во посета на пријател, со кој ја поминала ноќта, кога илјадници вооружени милитанти ја преплавиле блиската граница со Газа. Томас Хенд првично мислеше дека неговата ќерка е меѓу 1.200-те убиени, но подоцна откри дека таа е жива и се уште е заробена.

Хамас соопшти дека ќе ги ослободи затворениците во замена за илјадници палестински затвореници кои ги држеше Израел, кој ја отфрли понудата.

Емотивниот Томас (63) ги повикал киднаперите да ја ослободат неговата ќерка и рекол дека ќе го прослави нејзиното ослободување.

Тој изјави за Сан:

“Нема да славиме додека таа не се врати дома. Потоа ќе направиме голема забава со подароци, балони и торта и сите нејзини пријатели.”

Во пораката упатена до киднаперите на Емили, таткото рече:

Тие не се војници.

Томас, роден во Ирска, кој не е Евреин, отпатувал во Израел пред три децении за да волонтира во кибуц во близина на границата со Газа, каде што сретнал локална жена по име Наркис. Тие се венчаа и добија две деца, Ејден (29) и Натали (26), пред да се разделат. Потоа доби трето дете, Емили, со друга партнерка која почина од рак…

Да потсетиме, несреќниот човек претходно изјави за CNN:

„Знаете, таа нема да се врати, никој од нив нема да се врати така. Не сакам да размислувам за условите во кои се наоѓа. Можеби е во услови како добиток, во вагони како во Втората светска војна.“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.