Првите руски пасоши беа издадени на граѓани кои добија руско државјанство во Мелитопол и Херсон, според агенцијата „Тасс“.

„Денеска во Мелитопол се одржа церемонијата на издавање на првите руски пасоши“, потврдил Владимир Рогов, член на главниот руски совет на воено-граѓанската администрација на регионот Запорожје, јавил дописникот на „Тасс“.

Според написите тој претходно изјавил дека од 6 јуни повеќе од 70.000 луѓе во регионот Запорожје поднеле барање за руско државјанство.

Медиумот анализира дека засега во тој регион само во Мелитопол има административен центар за примање документи за издавање руско државјанство, а во пресрет на одбележувањето на Денот на Русија руски пасоши добиле и 23 жители на Херсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.