Идната талибанска армија – армијата на Исламскиот емират Авганистан (ИЕА) – ќе има специјален баталјон за бомбаши самоубијци, изјави портпаролот на талибанскиот режим.
Новата единица ќе брои до 100.000 идни бомбаши самоубијци, ќе биде дел од Министерството за одбрана и талибанските специјални сили.
Кој ќе биде цел на овој одред – меѓународните сили, соседите, самите Талибанци? сè уште не е јасно, но се стравува дека обичниот свет на крајот ќе ја плати највисоката цена.
Јасно е дека страста на талибанците за самоубиствени бомбашки напади не заврши со нивната воена победа.
Набргу по преземањето на контролата врз Кабул во средината на август, талибанците ги претставија своите бомбаши самоубијци на националната телевизија, заедно со вознемирувачкиот арсенал на самоубиствени елеци, самоубиствени автомобили-бомби и жолти пластични канистри – кои се користат за правење импровизирани експлозивни направи.
Среде растечките тензии со Таџикистан, групата објави распоредување на 3.000 бомбаши самоубијци на границата меѓу двете земји.
Самоубиствените бомбашки напади се длабоко институционализирани во вооружените единици на Талибанците, а одржувањето на оперативни и добро снабдени бомбаши самоубијци гарантира дека групата ја задржува способноста да изврши такви напади „за секој случај“ доколку е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.