Тајванскиот министер за економија одговори на критиките на републиканскиот кандидат за претседател на САД , Доналд Трамп, за Тајван и негираше дека островот ја презел американската индустрија за чипови.

Се разбира дека Тајван не ја краде индустријата за производство на чипови од САД. Чиповите што ги произведуваме се нарачани од американски компании, кои сепак имаат највисоки бруто маржи. Трамп може да има некои недоразбирања за такви прашања и ние ќе го разјасниме ова, изјави Куо Жихуи.

Трамп ги налути тајванските власти и пазарите на островот со своите коментари.

Мислам, колку сме ние глупави? Тие го презедоа целиот наш бизнис со производство на чипови. Тие се многу богати. Тајван мора да им плати на САД за нивната заштита, истакна поранешниот американски претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.