Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ја завршила својата втора мисија за евакуација во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во Појасот Газа, при што вкупно 32 пациенти во критична состојба, меѓу кои има и деца, се преместени на безбедно место, во услови на воени дејствија.

Напорите за евакуација на пациентите од установата продолжуваат, соопшти организацијата.

СЗО стравува за безбедноста и благосостојбата на пациентите и медицинските работници во болницата и предупредува дека понатамошниот прекин на животоспасувачката грижа за болните и повредените ќе доведе до повеќе смртни случаи, напиша организацијата на социјалната мрежа „Икс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.