Светската здравствена организација новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува.
„Варијанти од интерес“ се оние соеви за кои е познато дека полесно се пренесуваат, предизвикуваат потешки форми на болести или го заобиколуваат имунолошкиот систем и се шират во неколку различни земји, јави Би-Би-Си.
СЗО oбјави дека подваријантата EG.5 не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешка болест во споредба со другите варијанти кои моментално циркулираат. с
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.