Вкупното светско богатство во 2021 година пораснало за 10,3 отсто на 473 трилиони долари, главно благодарение на „цветањето“ на берзата, покажува студија објавена од „Бостон Консалтинг Груп“ (БКГ).
Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони долари, пораснал за околу 300 луѓе.
Најмногу супербогати, односно 25.800 лица, има во САД. Потоа следува Кина со 8.500 супербогати луѓе. На третото место е Германија. Во светот околу 69.000 супербогати поединци поседуваат 15 отсто од финансиските средства, што може да се инвестираат.
Вредноста на материјалните средства, вклучувајќи недвижнини, уметности и злато, пораснал за 11 отсто на 13 трилиони долари во 2021 година. Веќе некое време особено силно расте вредноста на недвижнините.
И покрај економските последици од војната во Украина, извештајот на БКГ предвидува дека богатството и понатаму ќе расте во целиот свет. Се очекува силно зголемување првенствено во Азија.
Доколку руската воена операција во Украина заврши годинава, се очекува глобалното богатство да порасне за 5,3 отсто годишно со што би достигнало речиси 80 трилиони долари до 2026 година.
Студијата пресметува просечно зголемување од пет отсто, доколку војната продолжи и санкциите бидат построги или потраат подолго време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.