Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули. Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули, под влијание на падот на цените на житариците и растителното масло, објави денеска Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Откако го достигна највисокото ниво во март по почетокот на руската инвазија на Украина, индикаторот за цените на храната на ФАО, кој ги следи промените на меѓународните цени на кошницата со основни производи, падна за 8,6 отсто во јули во однос на претходниот месец, што претставува четврти последователен пад на цената.

Сепак, цените се уште се на високо ниво и во јули беа на 140,9 поени на индексот на ФАО, што е зголемување од 13,1 отсто на годишна основа во однос на јуни 2021 година, наведува агенцијата.

Главниот економист на ФАО, Максимо Тореро Кулен, го поздрави добредојдениот пад, особено во однос на пристапот до прехранбени производи. Сепак, тој предупреди дека бројните ризици продолжуваат да ја загрозуваат светската безбедност на храната, како што се рецесијата или зголемените цени на житарките и нивното потенцијално влијание врз производството и егзистенцијата на земјоделците, пренесе „Франс прес“.

Индикаторот на ФАО за растителни масла падна за 19,2 отсто во јули, на најниско ниво во последните 10 месеци, под влијание на падот на цените на сите масла и цените на суровата нафта.

Повеќе на локално.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.